ПопуларноСелебрити

Памела Андерсон му се придружува на Лиам Нисон во римејкот на славната комедија

Памела Андерсон ке прави камбек на филмската сцена во историскиот филм “Гол Пиштол” во кој глумеше Лесли Нилсен

Серијата филмови „Гол пиштол“ се состои од три филма кои беа објавени кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите. Првиот филм беше режиран и сценарио на Џери Закер, Џим Абрахамс и Дејвид Цукер. Филмот е спин-оф на нивната телевизиска серија Полициски одред, која имаше само шест епизоди.

Голиот пиштол го следи изопачениот и збунет детектив Френк Дребин (Лесли Нилсен) кој на крајот од денот секогаш некако успева да им стави крај на криминалците.

Претстојниот римејк е во режија на Акива Шафер, кој го пишува и сценариото заедно со Ден Грегор и Даг Мандо. Нисон ќе го игра Дребин во филмот, а Андерсон ќе ја игра неговата љубовничка. Оригиналната улога на љубовничката ја играше Присила Присли.

Премиерата на римејкот на Гол Пиштол ќе биде на 18 јули 2025 година.