Селебрити

Повторно гола: Прошетала без долна облека, интимното подрачје го криела со чантата

И токму кога многумина ќе помислат дека Бјанка Ценсори, сопругата на Канје Вест, повеќе не може да шокира со своите модни и разголени изданија, таа го докажува токму спротивното.

Овој пат Бјанка била снимена во Лос Анџелес додека пристигнувала на вечера во друштво на сопругот.

Сопругата на познатиот музичар прошетала во црн градник и чипкасти хулахопки во боја на кожа. Таа не носела долна облека, а интимните делови ги прекрила со чантата. Канје, како и обично, одел зад неа и бил облечен во црно од глава до пети.

За потсетување, Бјанка со месеци се појавува во разголени изданија и ги покажува интимните делови од своето тело, а раперот на Инстаграм објавува експлицитни фотографии и снимки од неа.

Нејзиното семејство е сè повеќе загрижено за нејзиното однесување откако таа е во брак со Канје Вест.

„Таткото на Бјанка сака да седне со Канје и да го праша како може да парадира наоколу со неа како да е гол трофеј. Сака да го праша што би направил доколку неговите ќерки Норт и Чикаго се појават полуголи во јавност, а нивните сопрузи го одобруваат тоа“, изјавил извор неодамна за „Daily Mail“.