ПопуларноСелебрити

Почина легендарниот Бора Чорба: Пејачот ја загуби битката со тешкото воспаление на белите дробови

На 72-годишна возраст почина Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата „Рибља чорба“.

Бора Чорба беше примен во болница во Љубљана со тешка пневмонија. Се лекувал со антибиотици и кислород, а по неколку дена поради влошената состојба бил ставен на респиратор.

Пејачот долго време се бореше со тешка болест. Музичарот пред Нова година имал пневмонија, поради што го откажал концертот во Ниш.

„Докторот експресно ми забрани да вложам секакви напори бидејќи боледувам од тешко воспаление на белите дробови, па настапот би ми ја влошил здравствената состојба. Ќе ја победиме болеста и ќе се видиме во првата прилика“, им порача тогаш Бора на организаторите.

За жал, не успеа.