ПопуларноСелебрити

Ричард Гир во Кан ја покажа својата девојка која е 33 години помлада од него и со која има 2 деца!

Парот има две деца: Александар (5) и помлад син роден во април 2020 година, чие име се уште не е откриено. Гир е и татко на син Хомер (24) со поранешната сопруга Кери Лоуел

Дввајцата, видно заљубени и насмеани, присуствуваа на премиерата на новиот филм на Гир „Ох, Канада“, во кој тој глуми покрај Ума Турман, Џејкоб Елорди, Викторија Хил и Мајкл Империоли.

Според официјалниот синопсис, филмот се фокусира на приказната за познат канадски документарен режисер кој му дава последно интервју на еден од неговите поранешни студенти за да ја каже целата вистина за неговиот живот.

Гир (74) беше облечен во класичен црн смокинг, бела кошула и црна машна. Силва (41) зрачеше со убавина во црн фустан без прерамки.