Селебрити

Само таа смее вака! Има 100 килограми, а во Милано се шета во потполно проѕирен фустан: Се гледа нејзината долна облека, но и целулитот, а сепак изгледа ФАТАЛНО

Сезоната на модната недела започна низ светот, а на секоја од нив од година во година редовни гости се неколку познати манекенки … Една од нив е и Ешли Греам.

Модната недела во Милано започна во вторникот, а очекувано плус-сајз убавицата веќе пристигна во италијанскиот град кој деновиве ќе биде центарот на модата.

Ешли Греам вчера уживаше на ревијата на модната куќа „Алберта Ферети“, а блесна во нивната креација од новата колекција. Маркетинг маговите на познати брендови добро го знаат својот бизнис, па често најмуваат модели и познати личности дури и надвор од пистата за да ги промовираат своите нови парчиња.

Убавата бринета дефинитивно успеала во својот план да биде во центарот на вниманието и на светот да му го претстави фустанот кој го носела.

Прославената 36-годишна девојка се одлучи за целосно проѕирна тоалета во црна, течна, тенка ткаенина со црни, цветни тантели и длабоко деколте. Креацијата е секако многу провокативна и малку остава на имагинацијата; сосема спротивно – под неа се гледа долна облека и секое парче гола кожа.

Ешли носеше црн сет на градник и гаќички со длабок струк, а изгледот го заокружи со црни свечени папучи од штрас и високи потпетици. Смелата креација ја издвои во толпата, а иако фустанот е на работ на вулгарен, оваа дама успеа да не изгледа скандалозно. Тоа веројатно се должи на нејзината самодоверба и харизма, како и широката насмевка која често ја краси.

Таа се одлучи за вамп шминка – бордо кармин и кафеави тонови на очните капаци, а направи и мала промена во имиџот; ја бојадиса косата неколку нијанси потемна од вообичаената боја на кафе.