Селебрити

Северина со деколте до папокот уште еднаш покажа зошто е една од најпосакуваните жени на Балканот

Хрватската пејачка Северина неодамна беше на одмор во Франција, од каде сподели неколку фотографии кои сведочат за нејзиното заслужено опуштање и одмор.

Имено, пејачката престојуваше во францускиот приморски град Бијариц, а на својот профил на Инстаграм покрај убавините на оваа атрактивна туристичка дестинација, објави и неколку незаборавни модни комбинации.

Најголем впечаток пејачката остави со романтичното издание во фустанот на британската дизајнерка Викторија Бекам. Северина на фотографиите позира во провокативен бел фустан, со смело деколте до папокот.

Таа кај својата публика предизвика многу позитивни реакции за изборот на фустан.

„Најубава си“; „Колку добро ти стои овој фустан“; „Слатко“; „Секогаш си толку елегантна“; „Убавица“, се дел од коментарите под објавата.

Инаку, станува збор за фустан од колекцијата „подготвени за носење“ (ready to wear) за пролет и лето 2024 година на Викторија Бекам, а изработен е од вискоза и сатен. Задниот дел е отворен, со исклучок на тенка лента каде што се спојуваат прерамките и која паѓа по должина на грбот, а неговата целосна цена беше 1.850 евра пред да биде ставен на попуст.