Селебрити

Синот на Џони Деп е возрасен дечко од 22 години и еве како излгеда

Додека ќерката на Џони Деп, Лили Роуз, е позната ширум светот, со оглед на тоа што и самата е актерка и зад себе има веќе неколку забележани улоги, неговиот 22-годишен син, Џек Деп, успеал да остане под радарот на јавноста.

Овој млад човек не е заинтересиран да ги следи стапките на своите родители, затоа и живее подалеку од рефлекторите, но со оглед на тоа што е активен на социјалните мрежи – не може да остане во потполност незабележан.

Да потсетиме, Џони Деп своите две деца ги добил за време на врската со француската актерка Ванеса Паради. Парот бил заедно 14 години пред да се разделат во 2012 година. Сепак, тие останале во пријателски односи поради Лили Роуз и Џек, а токму поради нив актерот ја водеше познатата судска битка против Амбер Херд.

Како што и самиот изјавил, сакал да го „испере својот образ“ поради своите наследници.

Поранешната пар ги одгледувал своите деца далеку од очите на јавноста, па многу повеќе време поминувале во Франција, каде што им било полесно да живеат анонимно. „Навистина ги држиме подалеку од камерите, бидејќи не сакам нашите деца да бидат принудени да ја делат нашата слава против своја волја. Тие тоа не го побараа“, изјавила Ванеса во 2007 година.

Додека Лили Роуз сепак продолжила по стапката на своите родители, Џек се одлучил за мирен, „обичен“ живот. Сепак, овој 22-годишник ја обожува уметноста, свири гитара во бенд и се занимава со сликање.

Инаку, тој е роден како Џон Џек Кристофер Деп III, но со оглед на тоа дека името го дели со татко му и дедо му, сите едноставно го нарекуваат Џек. Тој има изразито спортски стил на облекување, а физички е мешавина од двајцата родители и не наликува впечатливо на ниту еден од нив.