Селебрити

(ФОТО) Северина покажа како изгледа без шминка, фотографијата за помалку од еден час ја лајкнале 10.000 луѓе

Северина на својот профил на Инстаграм ги изненади своите фанови со објава на фотографија на која позира насмеана во природно издание.

51-годишната хрватска пејачка ја објавила фотографијата со емотикон кој се проѕева, а со своето издание ги воодушевила фановите.

Имено, фотографијата собрала повеќе од 10.000 лајкови за помалку од еден час.

„Прекрасна си“, „Досега најубава слика“, „Оваа жена е толку убава што е 100 пати поубава без шминка“, се само некои од коментарите.