Селебрити

Холивудската ѕвезда со месеци го криеше фактот дека е во врска: Сега е јасно за кого блеска (ФОТО)

Гласините за романсата со богат бизнисмен започнаа во јули, а сега веќе може да се потврди дека се точни!

Актерката Рис Витерспун и финансиерот Оливер Харман беа залепени еден до друг во Њујорк додека беа на одмор, потврдувајќи ги гласините дека се во врска.

Фотографирани се како излегуваат од хотелот и одат кон автомобилот, а биле многу интимни, а актерката била одлично расположена.

Парот викендов пристигнал во Њујорк со хеликоптер, а придружувани биле и синовите на актерката од првиот и вториот брак, додека нивната ќерка не била со нив.

Гласините за романса започнаа кога тие исто така поминаа еден викенд заедно во јули, но се зборуваше дека тие биле „само пријатели“. Се испостави дека тајно се забавувале со месеци, а сега решиле да ја признаат врската.

“Таа ужива, но не сака да биде во центарот на вниманието. Зафатена е со работата и нејзините деца, тоа се нејзините најголеми приоритети”, рекол извор за Page Six.