Селебрити

Хрватската пејачка го изневерила 27 години постариот сопруг со помлад маж: На шокантен начин дознал се и ја исфрлил „гола и боса“ на улица

Хрватската пејачка Влатка Покос го изневерила својот 27-годишен сопруг со помлад маж, а тој шокантно ја открил аферата.

Влатка Покос со објава на Инстаграм го потврди крајот на врската со хрватскиот поранешен рагбист Вејеслав Хољевац. Имено, таа со објава на Инстаграм ги потврди гласините за нејзиното раскинување.

„Да, јас и Вечеслав раскинавме. Можам да кажам најдобро за него, останавме во пријателски односи. Не, никој не сакаше да контролира никого; тоа не го прават зрелите луѓе. Понекогаш во животот се среќаваат двајца добри луѓе, но тоа не значи дека се добри заедно“, напиша Влатка.

Инаку, Влатка Покос беше една од најпопуларните пејачки во 80-тите, а потоа доживеа скандал кој ја чинеше кариерата. Имено, таа во 2000 година на ХТВ го водела натпреварот за мис на Хрватска, кога облече незаборавен црн фустан со деколте до папокот, поради што доби отказ.

Исто така, нејзиниот љубовен живот привлече големо внимание во јавноста. Имено, таа во 2001 година започнала романса со хрватскиот бизнисмен Јосип Радељак Дикан, чија сопруга, познатата актерка Ена Беговиќ, починала една година претходно.

Влатка тогаш имала 31 година, додека тој 58, но не се осврнаа на разликата во годините. Тие се запознале преку дадилката на ќерката на Дикан, Лана, која имала само 45 дена кога ја изгубила мајка си. Тие се венчаа во 2006 година, но бракот не траеше долго и за заврши по една година и пет месеци од венчавката.

Набрзо почнало да се шушка дека Влатка го изневерувала со помлад маж, а при расправијата наводно се степале. Нејзиниот сопруг потоа ја избркал пејачката од станот, иако таа носела само фармерки и маица, а не и дозволил да земе ништо друго со себе.

Ноќта ја поминала со пријателка, а утрото кога се вратила да си ги собере работите, сфатила дека бравата од станот во кој живеела со сопругот е сменета. Дикан ги сменил и бравите на својата канцеларија, а како што напиша 24сата.хр, Влатка потоа заплакала на тераса од кафуле, по што отишла во полициска станица.

Само четири дена подоцна Јосип гостувал во емисијата „Отворено“ и со еден потег ги изненадил сите. Ја фрлил бурмата и рекол: „Еве, од овој момент сум слободен“.

Неговите адвокати подоцна тврдеа дека тој и ги вратил сите работи на поранешната сопруга, додека нејзините тврдеа дека и е вратена само зимската гардероба.

„Не размислувам ниту за пари, ниту за работи, туку само за малата Лана. И денес ги немам сите мои работи, Радељак не ми го врати ниту пасошот. Сè уште одам на психотерапија“, изјави подоцна Влатка.

Со оглед на тоа што Дикан ја обвини дека нерационално троши пари, таа потоа рече дека луѓето „имаат погрешна слика за неа“, и дека нема ништо лошо во тоа „ако сака да се облекува убаво“.

Сепак, бракот на оваа двојка бил во криза и пред драматичната тепачка која се случила во нивниот стан.

Имено, се започнало еднаш кога на едно патување со сопругот видела палто во продавница на „Фенди“ што сакала да го купи. Влегла со сопругот, а внатре бил менаџерот на продавницата Италијанецот Фабрицио со кого Влатка набрзо започнала афера, пишуваат споменатите медиуми.

„Најмив луѓе да ја следат“

„Се омажив за Влатка затоа што навистина ја сакав и иако луѓето зборуваа најлошо за неа, дека е спонзоруша. Додека бевме во Рим, таа се „давеше“ во шопинг. Живеев во Рим 40 години. Го знаев секој потег на Влатка.“, рече тогаш Радељак.

Во 2010 година Влатка Покос ја објави својата автобиографија „Живот во рајот“ во која ги презентира деталите од бракот со Јосип.

„Од обожувана жена која добиваше црвени рози и пораки, станав дел од екипажот кој се враќа во автомобилот со багаж“, напиша таа.

Таа во книгата откри дека најпрво имала многу жестока расправија со нејзиниот тогашен сопруг и раскинала по вечерата кај Петар Грашо, каде што биле присутни и Ивана Банфиќ и нејзиниот тогашен сопруг. На Влатка и пречело тоа што Ивана цела вечер нешто му шепоти на Јосип на уво, поради што следното утро направи љубоморна сцена. Јосип бурно реагирал на нејзиниот испад – ја удрил неколку пати.

Следувало помирување, а потоа и дефинитивен развод во 2007 година.

„Од постар маж не го очекуваш она што ти го даваат помладите мажи и обратно. Кога ќе се заљубиш во некоја личност, тогаш се заљубуваш во сè за таа личност … Нејзината возраст, нејзиниот изглед, нејзините доблести, но и нејзините недостатоци“, напиша таа во книгата.