Селебрити

„Целиот свет ќе ја слушне мојата вистина“: Меланија Трамп бомбастично ги објави мемоарите од кои трепери целиот свет

Меланија Трамп, сопругата на Доналд Трамп, актуелниот учесник на американските претседателски избори, бомбастично објави мемоари во кои ќе ја каже вистината, ќе ја раскаже својата приказна и работите од нејзина перспектива.

„Пишувањето на овие мемоари беше длабоко лично и провоцирачко патување за мене. Како приватно лице кое честопати беше предмет на јавна контрола и погрешно претставување, чувствувам одговорност да ги разјаснам фактите. Верувам дека е важно да ја споделам мојата перспектива: вистината“, вели Меланија во краткото видео објавено на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа дека често се рекламира, оваа нејзина објава предизвика вистинска бура. Поранешната прва дама на САД не објасни што точно ќе се најде во нејзината книга, но судејќи по кадрите од видеото, нема да има многу реплики посветени на Доналд Трамп.

Изданието на мемоарите од 304 страници ќе биде достапно за 40 долари, а потпишаните копии достапни за 75 долари.

Мемоарите „Меланија“ ќе ги објави издавачката куќа „Скајхорс“, која веќе ги објави книгите на поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани, голем поддржувач на Трамп, и на адвокатот Алан Дершовиц.

Скајхорс работеше и со независниот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор и поранешниот советник на Трамп Мајкл Коен, кој на крајот стана еден од најжестоките критичари на Трамп.