Спорт

Баер Леверкузен ја освои Германската Бундеслига!

Чаби Алонсо по својата прва сезона како менаџер на професионален тим успеа да ја прекине серијата на Баерн Минхен од 11 освојување на Бундес Лигата!

Чаби Алонсо го презеде водството на Леверкузен на 5 октомври 2022 година со тимот на второто место одоздола во Бундеслигата.

Тоа беше втор најлош почеток на сезоната досега за Баер Леверкузен од 1979 година.

Чаби до тогаш немаше водено сениорски тим кој му се приклучи на Леверкузен пред една и пол година од Реал Сосиедад Б.

18 месеци, точно 557 дена подоцна, Баер Леверкузен ја освои првата титула во Бундеслигата во 120 години историја.

Тоа успеаја да го постигнат без ниту еден пораз и 43 последователни натпревари без пораз во сите натпреварувања за овој врвен тим.

Баер Леверкузен е и во финалето на ДФБ Покал против Кајзерслаутерн и во четвртфиналето на Лига Европа, што значи дека Баер Леверкузен е сеуште во трка за триплета.

Сите овие достигнување во дебитантската сезона. И покрај големиот интерес од врвните европски клубови, Алонсо сепак одлучи да остане со Леверкузен уште една сезона

Леверкузен моментално е единствениот непоразен тим во врвните европски лиги досега.