Спорт

Беа еден од најфалените тимови, а веќе си го фатија патот накај дома. Феникс Санс со пораз од 4-0 во овогодинешниот плејоф.

Пред да почнат натпреварите помеѓу Феникс и Минесота се збореше дека Минесота се премногу млада екипа, дека Фениск санс биле екипа со многу “оружја” и ред такви споредби. Но на крајот на краиштата, изгледа сите беа грешка откако Минесота ги победи сите 4 натпревари.

Беше жесток четврти натпревар помеѓу Фенис и Минесота но на крај играчите на Минесота покажаа дека не се толку неискусни колку што ги правеа.

Имено Ентони Едвардс и Карл Ентони Таунс играа најголема улога во победата и ја забележија. Едвардс ја започна првата половина со 9 поени, а натпреварот го заврши со 40, додека Таунс заврши со 28.

Од другата страна 33те поени на Дурант, и 49те на Букер не беа доволни со финален резултат 116-122. Ова претставува прв пат Минесота да помине било која рунда од плејоф во последните 20 години.

Многумина го сметаат испаѓање ова испаѓање на Феникс едно од најголемите разочарувања во историјат на НБА лигата, со оглед на тоа колку пари трошо Феникс на плати годишно.