ПопуларноСпорт

“Веќе не смее да добие МВП, не е добро за лигата” – Кевин Харт не сака Јокиќ повторно да добие МВП

Регуларнта сезона 2023-2024 година во НБА е при крај, со жестока дебата во последните денови за тоа кој треба да биде МВП на лигата во 2024 година. Никола Јокиќ од Нагетс е фаворит за освојување на наградата, а по него се Лука Дончиќ од Маверикс и Шеи Гилџус-Александер од Оклахома.

Неодамна, Јокиќ исто така беше индиректно критикуван од Пол Пирс кој кажа дека играчите што ке дојдат од Европа се “меки како тесто” додавајќи “неможеш да глумиш јак а во меѓувреме да обожаваш лиснатици”

Со вжештувањето на трката за МВП, иконата на комедијата Кевин Харт на мета го стави на Јокиќ и неговите можности за МВП, давајќи неколку неочекувани коментари.

Повторна победа на Јокиќ е “лоша за НБА”, вели Харт.

Харт отворено зборуваше за настапот на Јокиќ оваа сезона. Тој ги сподели своите размислувања велејќи дека освојувањето на трофејот на Јокиќ би било „страшно“ за НБА. И според него, Шеи Гилџус-Александар не го добива признанието што го заслужува за неговата извонредна сезона со Тандер.

Овие “мудрости” не беа добри прифатени од обожавтелите на кошарката.

Еден кажа “Среќа што си комичар а не аналитичар”.

Додека друг кажа “Смешно е колку многу луѓе зборат негативно за Јокиќ и не сакаат да добие уште еден МВП”.

Досега оваа сезона, српскиот херој на Нагетс има практично трипл-дабл, со просек од 26 поени, над 12 скока и девет асистенции. Неговиот успех беше потивок оваа сезона отколку во претходните години. Нагетс исто така не доминираа во лигата како во 2022-2023 година, што придонесува за негативни мислења за српската суперѕвезда.