Спорт

(Видео) А дека Салах се радува додека Ливерпул ја губи титулата?

Знаеме, знаеме. Насловот може малку да ве излаже, ама пак не значи дека е грешен. Или пак дека нешто ве лажеме…

Фудбалските фанови се сеќаваат на сезоната кога Ливерпул и Стивен Џерард беа во трка за титулата после многу, многу години.

Џерард беше капитен на Ливерпул, а покрај себе имаше добри соиграчи, пред се во имињата на Фелипе Кутињо и секако, Луис Суарез.

На три кола пред крај таа кобна сезона, дојде ред Ливерпул да игра против Челзи на Жозе Мурињо. Кога најмногу требаше да се победи, и Ливерпул да се одржи на врвот на табелата, се случи славното лизгање на Стивен Џерард. Популарниот Стиви Џи се лизна, а Демба Ба постигна гол. Натпреварот заврши со 0-2 за гостите, а фановите на овој натпревар сфатија дека за нова титутла ќе почекаат уште малку.

Но, да се вратиме на насловот. На видеото во продолжение ќе видите дека Демба Ба го дава голот, фудбалерите на Челзи одат да му честитаат, а тука се појавува и Мо Салах во син дрес на Челзи и заедно со сите го слави “лизгањето” на Џерард.

Ама па ко ќе видиш, после стана еден од оние кои им ја донесоа титулата назад после многу години. Па и не само таа, дури и онаа во Лигата на шампионите.