Спорт

(ВИДЕО) Денеска почнува Меморијалниот турнир Андреј Грковски – Тафта во организација на КК ТФТ

Во чест на прерано починатиот фан и пријател на ТФТ Андреј Грковски – Тафта, КК ТФТ за прв пат ќе организира меморијален турнир во кошарка кој ќе го носи неговото име.

Намерата на клубот во годините што следат е турнирот да стане традиционален.

Во првата едиција на турнирот Андреј Грковски – Тафта, учество покрај организаторот ТФТ, ќе земат и тимовите на Кожув, Работнички и МЗТ Скопје, додека напреварите ќе се играат во СРЦ Кале.

Официјалниот ждреб за турнирот се оддржa во вторникот 03.09. во 20:00 часот, а истиот директно ќе биде пренeсуван на социјалните мрежи на профилот на КК ТФТ.

Се покануваат сите љубители на кошарката да присуствуваат на овој настан . Домаќините најавуваат многу новини во мак баскетот и ветуват добра забава и квалитетна кошарка за сите посетители.

Термините за одигрување на натпреварите се :
Петок 06.09.
Полуфинале 1 18:00 ч.
Полуфинале 2 20:30 ч.

Сабота 07.09.
Натпревар за 3то место 16:30 ч.
Финале 19:00 ч.

Карти за натпреварите ќе може да се купат на самиот влез во салата и ќе чинат 100 денари .
За сите сопственици на сезонски билети на ТФТ влезот ќе биде бесплатен ,со тоа што сите посетители ќе може да донираат средства во посебна кутија за донации.
Дел од средствата за билети ќе бидат наменети за семејството на Андреј Грковски.

Водител на програмата на турнирот ќе биде – Никлеманија.

Да се ​​погрижиме сите заедно да му оддадеме чест на прерано згасниот живот на нашиот Андреј Грковски и во фер и коректна атмосфера да ги проследиме сите кошаркарски натпревари.

Натпреварите можете да ги следите на приложениот ЛИНК: