ПопуларноСпорт

(ВИДЕО) Скандал во Рим, Новак погоден со шише во глава

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е погоден во глава со шише по натпреварот од второто коло во Рим.

Само што го завршил мечот со Корентан Муте и го добил со 6:3, 6:1, првиот рекет на светот доживеал незапаметена непријатност.

На Форо Италик, местото каде што шест пати го кревал пехарот, бил погоден во глава со тврд предмет налик шише за вода кога делел автограми.