Спорт

(Видео) “Супербоул е најголем спортски настан на светот” – Во меѓувреме во втора фудбалска лига во Аргентина…

Пред ерата на Фејсбук и Инстаграм, на една рака можеа да се пребројат луѓето во Македонија кои гледаа американски фудбал или знаеја два-три податоци за Супербоул.

Сега, на порталите често може да се прочита нешто повеќе за овој спорт, за играчите, се запознавме со Том Брејди, има се повеќе луѓе кои остануваат до доцна навечер за да ги изгледаат рекламите на полувремето на Супербоул.

Сепак, во Америка, овој настан важи за најголем спортски настан. Да прашаш Американец, тоа е најголем спортски настан и во целиот свет. Сепак, Амери, да не се лажеме…За споредба, финалето на Светското првенство во фудбал, според “Roadtrips.com” го гледале 5 милијарди луѓе, а Супербоул гледале 150 милиони луѓе, пренесува “Dazn”.

Еве, не мора да ги користиме “големите пиштоли” кога зборуваме за фудбалот. Можеме да отидеме само до Аргентина и да ви пренесеме атмосфера од натпревар од тамошната втора лига… Уживајте.