Спорт

(ВИДЕО) Ја сврте играта: Англиски навивач си задремал на натпреварот со Србија, па се разбудил следното утро на празниот стадион на Шалке

Српската фудбалска репрезентација беше поразена од Англија со резултат 1:0 во првото коло од групата Ц на Европското првенство, а иако беше целосна лудница на трибините и надвор од нив, „победи“ еден навивач.

Поддржувачот на „Гордиот Албион“ толку се опијанил што заспал на стадионот, а се разбудил во четири часот наутро, кога немало никој!

Го греел алкохолот додека бил „под гас“, но му било многу студено кога се освестил!

Погледнете го видеото од оваа хит сцена!