ПопуларноСпорт

Во домот на Ѓоковиќ никогаш не се јаде оваа храна! Во нивната куќа е строго забрането, а еве што подготвува Јелена кога Ноле ќе посака слатко

Новак Ѓоковиќ и неговите фантастични достигнувања во тенисот често се објаснуваат не само со упорниот тренинг и талент, туку и со вниманието на здравјето, кое се заснова на специфичен начин на исхрана. Самиот Новак Ѓоковиќ во неколку наврати одбиваше да се декларира како веган или вегетаријанец.

Вели дека неговата исхрана е „растителна“ долги години и дека цело време игра на истото, многу високо ниво.

Новак и Јелена не користат шеќер во исхраната, но српскиот тенисер не бега од јаглехидрати. Неговиот ручек се базира на тестенини, па си обезбедува хидрати, но секогаш се работи за тестенини без глутен.

Што се однесува до слатките, постои една позната анегдота кога по освојувањето на турнирот во Австралија во 2012 година, наеднаш му дошла желба за чоколадо, па изел само една коцка, а остатокот од таблата останал недопрен. Затоа на теренот секогаш има урми, одлични поради нивниот многу низок гликемиски индекс. Меѓу овошјето богато со шеќер јаде и банани, а секојдневно зема и по две лажички мед од манука. Конечно, во неговата исхрана има многу јаткасти плодови и семки.

Ова се состојките на колачите на Јелена кои ги прави кога сакаат да изедат нешто слатко

Ова се состојките на тортите на Јелена, намирници кои постојано се во нивниот фрижидер. Затоа, експериментирајте сами, советуваше таа еднаш – измешајте мелени јаткасти плодови по вкус, додадете урми, но и кокосово масло, можеби некои бобинки – јагоди, малини. Какаото и индиските ореви можат да бидат одлични додатоци. Се меси и се формираат топчиња од смесата и се оставаат да се изладат.