Спорт

Во епски меч на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ го израмни рекордот на Федерер за кој сите мислеа дека е недопирлив

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите на сите времиња! По ноќниот тениски „маратон“ се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос откако го совлада Лоренцо Музети по епскиот пресврт со 3:2.

На овој натпревар не одеше се како што се надеваа Новак, но и навивачите. Ноле мораше навистина да се помачи, играше натпревар во траење од 4 часа и 30 минути, а не заврши дури во три по полноќ!

Ноле заостануваше со 2:1, се мачеше на стартот од четвртиот сет, а потоа ѕверот се разбуди и Музети набрзо беше поразен до крајот. Музети имаше мотив пред овој меч, рече дека би сакал да му помогне на Јаник Синер да дојде до првото место, но Ноле засега го одби налетот и ја задржа првата позиција.

Дополнително, Ѓоковиќ со овој триумф го израмни и големиот рекорд на Роџер Федерер, кој сега е изедначен со него по бројот на Грен слем победи. И двајцата имаат по 369, а Новак веќе во понеделник на мечот со Серундола ќе може да стане рекордер.

Големиот успех на Новак го објави Ролан Гарос на социјалните мрежи.

Интересно, сега Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер имаат по 369 Грен слем победи, додека Рафаел Надал има 314.