Спорт

Го влечкаат едни, па го влечкаат други: Прејак циркус ни доаѓа од бразлиските фудбалски терени

Урнебесната сцена е видена во возбудливиот натпревар од 11-тото коло од бразилската “Така Гуанабаре” меѓу Флуминенсе и Ботафого (2-4).

Во седмата минута од судиското продолжение, први водство на Ботафого од 2-3, фудбалерот на гостинскиот тим Јарлин Фаустино Аугусто останал да лежи на тревата надвор од теренот, веднаш покрај аут линијата. Соиграчот тоа го видел, му пришол, го фатил за рака и го повлекол назад во теренот, за да украде малку време. Тоа го виделе голманот и еден фудбалер на Флуминенсе, му пришле на Аугусто, го фатиле за нозе и повторно го извлекле од теренот.

Верувале или не, тоа не било крај. На Аугусто му пришол еден фудбалер од клупата на Ботафото, го пренал и повторно го внесол на теренот.

Погледнете ја урнебесната сцена: