Спорт

Екс играчот на Евертон го чека затворска казна по признание на јавна телевизија

Во прашање е екс играчот на Eвертон и кинески интернационалец Ли Тие и неговите 2 години на селекторската позиција на Кина од 2019 до 2021

Јавниот обвинител на Кина го обвини Ли за прифаќање на мито, потоа тој самиот призна дека е така на јавна телевизија.

Ли Тие призна дека платил износ од 330 илјади евра за да стане тренер на Кинеската репрезентација.

Марк Дрејер, кој го покрива кинескиот фудвал изјави „Сè уште не е официјално, но шпекулациите велат дека екс играчот на Евертон и Кина е осуден на доживотен затвор за неговата улога во истрагата за мито. 15 години за претседателот на Кинеската фудбалска асоцијација и 13 години за главниот спортски судија“

Ли на телевизија изјави „Многу ми е жал. Требаше да играм чесно и да го одберам праведниот пат. Стекнувајќи успех на ваков начин ме направи по нетрпелив, и по упорен за да добри резултати. Со цел да постигнам подобри резултати, се свртев кон поткупување на судии, противнички играчи, тренери некогаш и целите клубови. Ваквото однесување ми стана навика“

Ли Тие своевремено беше предвиден како еден од најнадежните таленти на Кина и во текот на неговата играчка кариера тој помина 4 години на Гудисон Парк (2002-2006) каде што настапи 33 пати. Тој се пензионираше во 2011 кога прв пат прејде во менаџерска улога на Hebei China Fortune, за кој победи промоција во единствената сезона којашто беше на чело.