ПопуларноСпорт

Зарем и ова сега е спорт??

Во денешно време, нови “спортови” никнуваат од секоја страна. Еден од најновите спортови (ако може воопшто да се нарече така) е “хоби хорсинг” што уствари е јавање метла, како да е коњ..

Неодамна, девојка на TikTok, која што се натпреварува во хоби хорсинг (да има натпревари кај што сите јаваат метли како удрени) им се спротистави на критичарите кои инсистираа дека јавање на лажен коњ не е вистински спорт.

Девојката постираше видео чија цел беше да ги убеди критичарите дека ова е всушност вистински спорт. Во видеото се гледа како девојката настапува, а после кореографија почнува да гуши и се понаша како цел ден да копала дупка.

На видеото имаше опис:

„Хоби коњот не е спорт?, лесно е и секој може да го прави тоа? Како па да не“ – рече девојката

„Ова сум јас по мојата рутина за дресирање… Се онесвестив, не можев да дишам, речиси повраќав, вртоглавица, тресење, целото тело гореше од болка“.

За момент да го тргнеме на страна фактот дека девојкава глуми атлета, што по ѓаволите прават судиите на вакво натпреварување? Доста интересна струка би било судија за јавање на лажни коњи ама веќе ништо неможе да не изненади.