Спорт

Килиан Мбапе ОФИЦИЈАЛНО е нов фудбалер на Реал Мадрид

Веќе некое време се шпекулираше за наредниот клуб на Килиан Мбапе откако тој јавно изјави дека сака да го напушти ПСЖ.

Фабрицио Романо беше првиот кој го најави трансферот но немаше никаква потврда ниту од Реал Мадрид ниту пак од ПСЖ.

Но откако се финилазираше трансферот Реал Мадрид исто така го официјализираше трансферот на нивниот Икс профил

И покрај тоа што ја освоија Лигата на шампионите оваа година, најдоа начин повторно да ги засилат своите редови а и Килиан Мбапе на неговиот Инстаграм профил објави дека е многу среќен што трансферот во Реал Мадрид се финализираше.