Спорт

Кристијано и Џорџина тајно се венчале? Видеото ги разоткри, обожавателите во транс поради бурмите, а ова се деталите од предбрачниот договор!

Еден од најплатените фудбалери во светот, Кристијано Роналдо и неговата избраничка Георгина Родригез се заедно од 2016 година. Оттогаш тие никогаш јавно не спомнаа дека се свршени или венчани.

Во меѓувреме, парот формираше семејство, но прашањето за бракот секогаш „висеше во воздух“. Меѓутоа, сега се чини дека нема повеќе сомнеж.

Двојката има две деца заедно, а таа е и маќеа на неговите три деца. Роналдо можеби навести дека тој и Џорџина конечно се венчале на тајна церемонија. Тоа доаѓа откако фудбалерот рече дека ќе ја претстави својата „сопруга“ додека зборува на својот нов канал на YouTube, пред да ја открие Џорџина во кадар додека се подготвуваат да ја играат играта “Mr i Mrs”.

Обожавателите брзо го сфатија коментарот, а еден напиша: „Начинот на кој тој ја нарекува „моја жена“, а друг напиша: „Тој рече „мојата сопруга“. Забележано е и дека Роналдо и Џорџина на видеото се со прстени на рацете, пишува The Sun.

Капитенот на Ал-Наср конкретно кажа: „Кога не тренирам во клубот, сакам да тренирам со сопругата дома. Затоа што можам да ја мотивирам и таа да ме мотивира мене“. Оваа реченица ја продлабочи теоријата дека парот веќе се венчал тајно без медиумска помпа.

Познатиот португалски магазин „TV GUIA“ открива дека славната двојка потпишала таен договор кој на Џорџина и гарантира финансиска сигурност во случај на раскинување.

Доколку реши да раскине со својата сакана, Роналдо наводно ќе треба да и плаќа речиси 100.000 евра месечно до крајот на животот. Покрај тоа, Џорџина би станала и сопственик на луксузна вила во Мадрид, која Португалецот ја купи во 2010 година за пет милиони евра. Вилата има 950 метри квадратни и се простира на 4.000 квадратни метри земјиште.