Спорт

Маленко: Спортот е поразен од спортско-бизнис групација предводена од Димевски!

Во спортскиот центар Борис Трајковски вчера попладне беше одржано вонредно собрание на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК). Главни точки на за разговор беа смена на актуелниот прв човек на МОК, Даниел Димевски, и избор на нов претседател како и разрешување на извршниот одбор.

По вчерашниот собир на МОК, се одреди дека за претседател засега ќе останува Даниел Димевски. Иницијаторите за негова смена на изборното собрание не успеаја да обезбедат кворум. Неможеше да се соберат доволно федерации, им недостасуваа три. Односно, 27 од вкупно 61 делегати беа присутни.

Тие кои што имаа олимпијци во претстојните Олимписки Игри во Париз откажаа присуство, како и оние кои имаат шанса за вајлд карти.

Александар Маленко, еден од иницијаторите на овој избор изјави:

„Ова значи дека спортот и искрените спортисти и спортски работници се поразени од криминална политичка и бизнис елита на чело со Даниел Димевски“ рече покрај другото нашиот поранешен пливач кој неодамна се најде во беља со МОК, по што му беше одредена доживотна казна која сеуште нема стапено на сила.

По се ова Даниел Димевски во четврток на 8 февруари ќе си одржи Собрание на МОК кое што тој го организира.