ПопуларноСпорт

„Ме врзаа и ме форсираа да гледам како силуваат деца“ – Светско познатиот боксер Рајан Гарсиа со мрачна изјава за светската елита

Екс шампионот во лесна категорија во бокс кажува како бил врзан во шума од ’светската елита‘ и бил присилен да гледа како силуваат деца

Како што кажува Рајан, тој ќе ја разоткрива светската елита за трговија со деца. Тој тврди дека тие му го одзеле пристапот до неговите социјални мрежи, телефони и пари и тој е уверен дека тие пробуваат да го убијат. Вакви слични шпекулации имаат изјавено Канје Вест, Ендру Тејт и Бритни Спирс.

Враќајќи се на Гарсиа. Тој вчера стапи во контакт токму со Ендру Тејт кој му понуди да закаже групен повик на твитер со цел Рајан да може да ја искаже својата вистина. Додека го чекаа Гарсиа да се приклучи во повикот, Тејт објаснуваше како всушност изгледа напад од светската елита и дека доколку се стапи во алијанса со нив, тоа оди преку големи спонзорства кај што на познатите им наметнуваат што ќе поддржуваат а што не.

Во моментот Рајан кога се приклучи, се приметуваше дека е во паника. Тој не се задржа долго но кажа дека бил однесен во шума, кај што го врзале и го терале да гледаат како тие силуваат деца. Кажува како бил и тој силуван на 2 годишна возраст.

Тејт доста сталожено ја контролираше ситуацијата и му направи јасно дека за да верува јавноста во неговите набедувања ќе мора да биде многу по кохерентен и сталожен во кажувањето на приказната. Гарсиа на ова одговори дека има видео доказ и дека ќе го пуштел во јавноста во право време, откако одлучи да го напушти повикот поради сопствена безбедност.

Подоцна во денот, тој настапи на уште еден повик на твитер кај што сподели уште една контраверзија. Тој беше прашан кога ќе ги сподели доказите коишто тврди дека ги има. На тоа Гарсиа кажува „Не знам точно, но информациите се достапни. Но ќе го кажам ова. Штом вие убивате малечки деца“ по што мораше сам себе да се прекрати и да го напушти разговорот „Морам да спуштам, ги налутив“

Гарсиа има шампионска тепачка во супер лесна категорија на 20ти Април против Девин Хејни кој има 31 победа и 0 порази. Хејни го набеди Гарсиа дека глумел ментално нестабилен со цел да се откаже тепачката но брзо потоа тој пост беше избришан. Гарсиа секако потврди дека нема да има потреба од презакажување на бидејќи ќе се тепал на 20ти Април.

Останува да видиме дали ќе бидат објавени доказите доколку постојат.