ПопуларноСпорт

Момчето на светски познатата тенисерка Арина Сабаленка се самоуби

Константин Колцов (42), момчето на Арина Сабаленка и поранешен хокеар извршил самоубиство. Ова го пренесуваат белоруските медиуми повикувајќи се на информации од Мајами.

 Од Америка дојде информација дека починал освојувачот на олимписки медал во хокеј, Константин Колцов, момче на Арина Сабаленка, втората тенисерка во светот.

Најпрво се пишуваше дека екс-хокеарот починал поради проблеми со срцето, но потоа медиумите пренесоа дека се самоубил.

„Според истрагата, во понеделникот на 18 март околу 12:39 часот полицијата и противпожарната спасувачка служба отишле кон болница за да го згрижат човекот кој скокнал од балкон. Не се пронајдени сомнителни околности“, изјави портпаролот на полицијата за белоруските медиуми.