Спорт

На Роналдо му се заканува казна бидејќи е невоспитан

Ал Наср се мачеше на натпреварот од 21-то коло во шампионатот на Саудиска Арабија на гостувањето кај Ал Шабаб. На крајот славеше со 3-2, а натпреварот го одбележа Кристијано Роналдо. Тој погоди од пенал за 1-0 во 21-ва минута, а внимание привлече и поради вулгарниот гест кога на стадионот слушаше скандирање “Меси, Меси”.

Знаеше домашната публика како да изнервира Португалецот, а тој им одговори прилично непристојно со гестикулација која е непримерна за било кои терени, а посебно за оние во арапскиот свет.

Британските медиуми велат дека против првата ѕвезда на саудискиот фудбале ќе биде отворена дисциплинска постапка и дека поради гестот го чекаат два натпревари суспензија, но и дополнителна парична казна.

Судејќи по се, ова е можност за другите напаѓачи, посебно Александар Митровиќ, да го престигнат Роналдо на листата на стрелците. Роналдо е прв со 21 гол, а веднаш зад него и Митровиќ со 19.