Спорт

Никола Јокиќ ја доби МВП наградата во НБА трети пат во кариерата

Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ е добитник на трофејот Мајкл Џордан како најкорисен играч на Kia НБА за 2023-2024 година.

Јокиќ по трет пат е прогласен за МВП на Киа НБА, откако претходно ја доби оваа чест во сезоните 2020-21 и 2021-22.

Деветгодишниот НБА ветеран од Србија е деветтиот играч кој освоил три или повеќе МВП, придружувајќи им се на Карим Абдул-Џабар (шест), Мајкл Џордан (пет), Бил Расел (пет), Вилт Чембрлен (четири), Леброн Џејмс (четири ), Лери Бирд (три), Меџик Џонсон (три) и Мозес Мелоун (три).

Во регуларниот дел од сезоната 2023-2024, Јокиќ го зазема 10-тото место во НБА-лигата по поени, четвртото место по скокови и третото по асистенции по натпревар.

Тој стана вториот играч во историјата на НБА со најмалку 2.000 поени, 900 скока и 700 асистенции во една сезона, приклучувајќи му се на Оскар Робертсон (1961-62).