Спорт

Новак освои олимписко злато, па изјави – Ова е мојот најголем успех во кариерата, одев на се или ништо

Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер, во два тај-брејка успеа да го совлада Карлос Алкараз и да го освои првото олимписко злато во кариерата.

Новак веднаш по натпреварот застана да ги исполни своите медиумски обврски.

„Не знам што да кажам, целосно сум во шок, од емоции, од се… По полуфиналето реков дека целта е постигната, конечно влегов во финалето. Сите сакаа да одам по злато, а и јас, отидов по тоа. Тоа што сум во финалето ми помогна порелаксирано да влезам во натпреварот. Нашиот натпревар во финалето на Вимблдон ми помогна денеска да се подготвам. Не можев полошо од тоа. Одев на сè или ништо и палев форхенд во решавачките моменти“, ја започна својата приказна Новак за РТС.

На крајот од интервјуто се расплака, откако водителот изјави дека е српски син.

Ви благодарам многу“, низ солзи рече Новак.