ПопуларноСпорт

Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос!

Се остварија најголемите стравови на навивачите на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ – поради повреда на коленото се повлече од Ролан Гарос, вториот Гренд слем турнир во сезоната.

Засега не е познато колку време ќе отсуствува од терените.

Ѓоковиќ се повреди во понеделникот на 3 јуни на осминафиналето против Франсиско Серундоло, 23. тенисер во светот, кога по пресврт победи со 3:2 во сетови.

На стартот од вториот сет почна да куца, набрзо со болна гримаса побара медицински тајм-аут, па губеше со 2:1 во сетовите, но на крајот сепак успеа да победи.

Ден подоцна е утврдено дека има оштетување на менискусот на десното колено, поради што не може да продолжи да учествува, соопштија организаторите.

Во текот на мечот Ѓоковиќ често му се жалеше на судијата дека теренот е слабо подготвен и лизгав, а Србинот често паѓаше на површина.

Претходните денови во Париз имаше многу дожд, поради што натпреварите беа одложени и поместени.