Спорт

Ова е манекенката Маријана која поради фудбалер премина во ислам: Сопствениот татко се откажа од него, а таа носи работи вредни илјадници евра

Деновиве во јавноста е фудбалерот на Шефилд Јунајтед и поранешен репрезентативец на Босна и Херцеговина, Анел Ахмедхоџиќ, од кого сопствениот татко се откажа бидејќи се ожени со Црногорката Маријана Сесилија, пренесуваат медиумите.

Неговиот татко Мирсад јавно се откажал од него и брутално го прозва во медиумите бидејќи не можел да преболи што се оженил со Маријана.

Инаку, убавата манекенка е родена како Маријана Сесилија Машиќ, по потекло од Црна Гора, но живеела во Данска, а се крстила по христијански обичаи.

Маријана обожава да носи скапа облека како и модни додатоци од луксузни брендови, со кои се фали на својот Инстаграм профил.

„Louis Vuitton“, „Dior“, „Balenciaga“ и „Chanel“ се само некои од нејзините омилени брендови чии чанти и облека вредат стотици илјади евра.

Сопругата на фудбалерот неодамна премина во ислам и го избра името Ниса.

Маријана еднаш објасни дека не ја сменила верата само поради сопругот.

„Решив да преминам во ислам, не само поради љубовта кон Анел. Најголемата причина е што исламот е убава и правилна религија. Го направив тоа за себе, да живеам на најдобар можен начин. И тоа е доволно да се каже на оваа тема“, ексклузивно изјави Маријана за „Аваз“.