Спорт

Одложена борбата помеѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол! Сеуште непознат новиот датум.

За жал, Џејк Пол и Мајк Тајсон нема да се соочат на 20 јули како што беше планирано.

Неодамна Мајк Тајсон се снајде со здравствени проблеми откако му пукна чир додека беше на авионски лет. Повредата ја ограничи неговата способност целосно да тренира во следните неколку недели.

Борбата ќе биде презакажана за датум подоцна оваа година, откако Мајк ќе може да продолжи со тренинзите без ограничувања и двајцата борци ќе имаат подеднакво време да се подготват за овој натпревар кој се случува еднаш во животот!

Џејк Пол се огласи на социланите мрежи каде што потврди дека борбата ќе биде презакажана.