Спорт

Отсега Непал ќе бара од сите алпинисти на Монт Еверест да користат чип за следење

Пред да започне сезоната оваа година за Монт Еверест Непал изјави дека ќе биде задолжително сите алпинисти да изнајмат чип за следење пред да започнат со качувањето

„Угледните компании веќе ги користеа, но сега тоа е задолжително за сите алпинисти. Ќе го скрати времето за пребарување и спасување во случај на несреќа.“, изјави Ракеш Гурунг, директор на одделот за туризам во Непал.

Цената за изнајмување на чиповите ќе биде од 10 до 15 долари и ќе биде сошиен во јакните на алпинистите. Откако ќе се вратат, чипот ќе биде изваден, и вратен на владата за понатамошна употреба. Гурунг додаде дека чиповите биле произведени во европска држава но не специфицираше за која држава станува збор.

Најголемиот дел од луѓето што се обидуваат да се качат на Монт Еверест го прават тоа од Непал, плаќајќи 11.000 долари само за дозволата за искачување. Кога ќе се додадат цените на опремата, храната, дополнителниот кислород, шерпа-водичите и друго, чини над 35.000 долари за да тргне на оваа авантура.

Осум од десетте највисоки врвови во светот се во Непал, а земјата остварува значителен приход од туризмот од планинарењето. Минатата година Непал даде рекордни 478 дозволи за искачување. Потврдено е дека 12 алпинисти загинале на планината, додека петмина сеуште официјално се водат како исчезнати.