Спорт

ОФИЦИЈАЛНО: Томас Тухел го напушта Баерн Минхен на крајот од сезоната

Врската помеѓу Тухел и Баерн Минхен ќе се раскинува во Јуни откако двете страни се договорија да си тргнат по свој пат

По низата лоши резултати во германската Бундес Лига и поразот од Лацио во првата рунда од Лигата на Шампионите, челниците на германскиот шампион одлучија дека Тухел не е човекот кој им е потребен на тренерската позиција, па поради тоа во Јуни се сложија Тухел да го напушти Баерн.

Со Тухел, Баерн Минхен е на пат да остане без титула за прв пат од 2012 година. Баерн Минхен моментално се 8 поени зад Баер Леверкузен, испаднаа од DFB Pokal(германски куп) и моментално се во ризик од испаѓање од лигата на шампионите.

Фаворити за менаџерската позиција во Баерн Минхен моментално се Чаби Алонсо, Антонио Конте и Жозе Мурињо