Спорт

Синиот картон наскоро ќе се воведе во фудбалот? Еве што ќе значи

“IFAB”, клучното тело за донесување правила во фудбалот, работи на овој проект веќе некое време.

Британски “Telegraph” пишува дека синиот картон наскоро би можел да биде воведен во фудбалот. Овој картон би го покажал судијата на натпреварот во случај да смета дека играчот направил прекршок поради кој треба да ја напушти играта, но не до самиот крај на натпреварот. Сепак, тој фаул не е црвен картон. Со синиот картон играчот би бил исклучен од игра на десет минути.

Картон би се доделил во случај на тактички грешки или ако некој играч влезе во голема расправија со судијата. Синиот картон би го ограничил бројот на запирање на ветувачки напади.. Оваа практика е испробана во пониските велшки лиги и донела одлични резултати. Екипите престанаа да прават „тактички фаули“, со цел да го запрат противнападот на противникот.

“IFAB”, клучното тело за донесување правила во фудбалот, работи на овој проект веќе некое време.

“IFAB”, додава “Telegraph”, ќе го открие ова правило уште овој петок. Тоа нема веднаш да се имплементира во најсилните лиги во светот, туку би стартувало од најниските рангови, а судиите би се едуцирале за новите услови.