ПопуларноСпорт

Статуата на Коби Брајант полна со печатни грешки!

Првата од три статуи на Коби Брајант во Стејплс Центарот беше неодамна откриена но фановите не беа среќни откако најдоа еден куп печатни грешки!

Првата статуа од Брајант е во чест на неговиот натпревар кај што постигна 81 поени. Имено на статуата има 4 печатни грешки, но за среќа не беше утнато името на Коби Брајант.

Првата грешка е направена за името на шпанскиот интернационалец Хозе Калдерон; на статуатa пишува Хозе Калдерсон.

Потоа играчот на Лејкерс, Вон Вејфер е напишан како Вом Вејфер.

Следната печатна грешка е направена при пишувањето на “Coaches decision”. На статуата е напишано “Coaches decicion”, и тоа 2 пати!

Организацијата на Лејкерс дадоа изјава во врска со грешките на статуата

„Свесни сме за ова неколку недели и веќе работиме на тоа да го поправиме наскоро“, изјави портпаролот на тимот.

Скулптурата е направена од брачниот пар Омри Амрани и Џули Ротблат-Амрани од Илиноис, кои ги дизајнирале и создале сите статуи надвор од Crypto.com Arena. На дизајнот соработуваа и Ванеса Брајант, вдовицата на Коби и организацијата Лејкерс. Обидите да се контактира со Амрани и Ротблат-Амрани за коментар не беа успешни.