Спорт

Тенисерката стана мајка на 67 години! Долго време се надеваше, сега е избезумена од среќа


Тениската икона Мартина Навратилова на помладите љубители на „белиот спорт“ им е позната како некој кој не го сака најдобриот на
сите времиња Новак Ѓоковиќ.

Американката со чешко потекло освои дури 18 Грен слемови, а сега на својот впечатлив живот може да додаде уште една улога – улогата на мајка. Иако веќе има постигнато кариера која ретко се гледа и ужива во луксузниот живот под сонцето на Флорида со сопругата, ТВ ѕвездата Јулија Лемигова, таа допрва треба да го оствари еден од своите најголеми соништа.

Навратилова (67) и нејзината сопруга Јулија Лемигова (52) посвоиле две момчиња, што го потврдил и агентот на Мартина.

Навратилова во интервју за „Us Weekly“ изјави:

– Пресреќни сме и свесни за предизвиците и наградите што не очекуваат.

Сепак, возраста и имињата на децата остануваат непознати за јавноста.

Плановите за посвојување не се новини за парот, но тие биле на листата на чекање долго време.

Мартина на почетокот на минатата година јавно ја обелодени дијагнозата за рак на грлото и дојката. Тогаш рекла:

– Се надевам на позитивен исход. Ќе биде тешко некое време, но ќе се борам со сè што имам.

Нејзината сопруга, Јулија, натпреварувачка во „Вистинските домаќинки од Мајами“, објасни во тоа време дека парот морал да ги стави на чекање плановите за посвојување и да се фокусира на закрепнувањето на Мартина.

– Кога посвојувате дете, сè мора да биде насочено кон тоа дете. Мислевме само дека во секој момент можеме да добиеме повик да станеме родители, но наместо тоа, моравме да се бориме со ракот.

Иако мораа привремено да ги одложат своите планови, парот никогаш не се откажа од надежта дека еден ден ќе станат родители. Само неколку месеци подоцна, лекарите ја известиле Мартина дека го победила ракот.

Сега двојката не само што може да прегрне едно дете, туку две, две момчиња. Двојна среќа!

За возрасните ќерки на Јулија Лемигова, Викторија и Ема, Мартина веќе стана грижлива втора мајка откако тие се приклучија на семејството во 2008 година.

Сега сите тие се пораснати, но сè уште често се гледаат на социјалните мрежи со нивните две мајки – а можеби наскоро и со нивните две мали браќа!