ПопуларноСпорт

Трагична судбина на перспективната чешка гимнастичарка: Сакала да се фотографира, а потоа паднала од височина од 80 метри! Имала само 23 години

Натали Стичова, 23-годишна гимнастичарка од Чешка, загина по страшна несреќа на Алпите.

Чешка е обвиена во црно по смртта на Натали Стичова, 23-годишна девојка која беше позната како една од најголемите надежи на гимнастиката таму.

Талентираната гимнастичарка почина на 23-годишна возраст по трагичната несреќа на Алпите што се случи на 15 август. Таа паднала од височина од 80 метри, а не е сосема сигурно дали се лизнала или карпата се скинала.

Веднаш била префрлена во болница, лекарите со денови се бореле за нејзиниот живот, но на 21 август морале да ги исклучат машините. За жал, девојката не успеа да ја добие битката за својот живот, пишува порталот Extra.cz.

„Ти ме научи толку многу. Посакувам да можеш да продолжиш со тоа. Беше одлична сестра, твоите браќа и сестри никогаш нема да престанат да мислат на тебе затоа што и ти секогаш мислеше на нив. Те сакаме засекогаш“, изјавиле шокираните членови на семејството во емотивни пораки за Натали.