Спорт

Фудбалерот Касемиро откри дека цела кариера намерно грешно си го изговара презимето!

Касемиро е еден до најпознатите фудбалери од Бразил! Тој има освоено 5 европски титули, 3 клубски светски првенства, 3 титули во Ла Лига, 3 шпански супер куп и Копа Дел Реј. Неодма изјави дека сето тоа го правел користејќи презиме кое не е негово!

Имено, тој кажа дека всушност се презива Касимеро, а не Касемиро како што го познава целиот свет, а причина поради тоа е што бил многу суеверен!

Касемиро: „Моето име е Карлос Хенрике Касимеро, со „И“ таму, не Касемиро“

„Се сеќавам дека одиграв натпревар за Сао Паоло и клубот го згреши моето име. Тие го напишаа со „Е“.

„Играв навистина добро во тој натпревар и бидејќи сум суеверна личност, реков „Нема потреба да се менува, само оставете го така, работите одат добро“.

„Значи, името остана, но јас се викам Карлос Хенрике Касимеро. Тоа беше грешка направена во еден натпревар, името си остана!“