Спорт

Чаби Алонсо го одбра својот клуб за наредната сезона!

После долги шпекулации за неговата иднина, Чаби Алонсо го избра следниот клуб

Моментално, тренерот на Баер Леверкусен е еден од најпосакуваните тренери во светот на фудбалот.

Шпекулациите го поврзуваа со Ливерпул, Баерн Минхен но Алонсо одлучи да стави крај на тие шпекулации и да го продолжи својот договор со Баер Леверкузен

Во неговото обраќање до јавноста, тој изјaви:
“Имав одличен состанок со Баер Леверкузен и ги информирав дека сакам да останам во клубот уште една година

После многу шпекулации за иднината на мојата кариера, ја искористив оваа интернационална пауза да размислиам и да донесам одлука”

“Ова е местото за мене” – изјави шпанецот Чаби Алонсо