Спорт

Шпанија е повторно европски шампион!

Фудбалот повторно не отиде “дома” со тоа што Англија го изгуби второто финале по ред на Европските првенства со резултат од 2-1 во полза на Шпанија

Првиот дел од натпреварот може да се каже дека типично англиска утакмица со тоа што првиот шут на гол беше упатен од Фил Фоден при крајот од првиот дел и речиси немаше никакви возбуди.

Второто полувреме од друга страна беше многу по возбудливо со вкупно 3 голови.

Шпанија го зеде водството веднаш по стартот на второто полувреме преку Нико Вилијамс. А резултат беше изедначен 2 минути откако влезе Кол Палмер од клупата со тоа што тој одма стрелаше.

Со само неколку минути до крајот на натпреварот, Ојарзабал кој исто така влезе од клупа за шпанците, го реши натпреварот со што беше прекасно за англичаните да изедначат.

За жал фудбалот повторно не доаѓа дома, како што викаат англичаните.