Спорт

Што се случува кога ќе се обидеш да ограбиш жена која е борец во УФЦ?

Еден крадец избрал девојка на улица која сакал да ја ограби, без да претпостави за кого станува збор. На крајот, како што веруваат многумина, тој го добил тоа што го заслужил.

За своја жртва крадецот ја избрал жената борец во УФЦ, Полијана Вијана, а неговото лице по обидот за кражба изгледало прилично поинаку.

Во претходните месеци овој настан од 2019 година е повторно актуелен, па само една објава на социјалната мрежа „Х“ која е објавена на крајот на 2023 година е погледната над 50 милиони пати.

Таа доби многу коментари и различни реакции, а многумина останале шокирани кога виделе како „прошол“ разбојникот.

Оваа приказна на пошироката јавност тогаш ѝ ја претстави Дејна Вајт, првиот човек на УФЦ.

Бразилката, додека зборувала за деталите за нападот, открила дека мажот ѝ пришол со прашањето „колку е часот?“ додека чекала превоз.

„Му кажав колку е часот, одбиваше да си замине… А потоа започна да зборува дека има пиштол, да му го дадам телефонот кој веќе го вратив во џебот. Почна да зборува да не се спротивставувам бидејќи е вооружен“, објаснила Полијана и продолжила:

„Кога ја стави раката на пиштолот, сфатив дека е премногу мек и помислив дека станува збор за лажен пиштол, некој од картон… Сфатив дека, дури и да е вистински, нема да има време да го извади бидејќи ми беше преблиску“.

Објаснила и како го совладала крадецот.

„Станав и веднаш го удрив двапати со раката, а потоа и еднаш со нога. Падна, а јас притрчав одзади и го зграбив околу вратот. Потоа го подигнав и го седнав, и му реков: ‘Е, сега да ја почекаме полицијата’“.

Разбојникот ѝ се правдал на полицијата дека само сакал да дознае колку е часот, но тоа не ѝ се допаднало на Вијана.

„Како не… Тоа го кажа бидејќи виде колку побеснев. Всушност, јас бев сосема добро после тоа. А бев бидејќи тој после моите удари веќе не ни реагираше. Мислам дека се исплаши. Дури и кога спомнав дека ќе повикам полиција, тој ми рече: ‘Повикај’. А го кажа тоа бидејќи се исплаши дека уште повеќе ќе го истепам“, објаснила Бразилката.