Спорт

„Ѓоковиќ е најголем тенисер кој некогаш живеел, ви се допаѓало тоа или не“

Многумина сметаат дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во ситоријата, а една од нив е и Линдзи Девенпорт, поранешна гренд слем шампионка и некогаш прва светска тенисерка.

Линдзи со прилично големи зборови зборувала за српскиот тенисер кој вчера беше поразен во финалето на Вимблдон против Карлос Акларас со 3-0.

„Тој е најголем на сите времиња. Ќе си замине и ќе биде статистички најдобар, им се допаѓало тоа на луѓето или не, како најголем играч кој некогаш живеел. Нереално е кога ќе ги погледнете неговите бројки. Има 37 години, ајде да му аплаудираме“, рекла Девенпорт.

Зборувала и говорот на Новак после мечот со Холгер Руне, кога им покажал заби на Британците.

„Мислам дека му беше доста од се, не е лесно секогаш да си лошиот. Во ерата на Рафа и Роџер, изгледаше дека публиката секогаш беше против него. Мислам дека Новак е уморен од тоа. Не е лесно кога децата ви се на трибините и кога правите се што можете да останете во спортот“, рекла Девенпорт за “Tennis Chanel”