Технологија

Белата куќа сака месечината да има своја временска зона

Белата куќа ѝ нареди на НАСА да воспостави нов временски стандард за Месечината до 2026 година, познат како Координирано лунарно време (LTC).

Оваа иницијатива има за цел да обезбеди официјална временска референца за идните мисии на Месечината откако вселенска трка во која учествуваат САД, Кина, Јапонија, Индија и Русија се забрза.

“LTC” зоната ќе биде развиена во соработка со неколку владини оддели и меѓународни партнери, вклучувајќи ги и потписниците на “Artemis Accords”, збир на правила и принципи кои го регулираат истражувањето на вселената.

Целта е да се синхронизираат технологијата и мисиите со прецизно време, клучно за безбедноста и точноста во вселенските операции.

„Во текот на следната деценија, САД ќе работат со сојузниците и партнерите за да ги вратат луѓето на Месечината и да развијат способности за да овозможат трајно присуство“ вели изјавата од белата куќа.

Се додава: „Познавањето на времето во далечните оперативни режими е круцијално за научното откритие, економскиот развој и меѓународната соработка што ја формира основата на лидерството на САД во вселената“.