Технологија

(ВИДЕО) Дали знаете што би се случило ако сите луѓе на Земјата скокаат во исто време?

Дали некогаш сте размислувале што би се случило кога сите луѓе на планетата Земја би скокнале во исто време?

Физичар и неговиот тим спровеле експеримент за “Earth Lab” на “BBC” и објаснија какви ќе бидат последиците.

Земјотресот ќе предизвика промена на брзината со која Земјата се врти

Тие беа охрабрени да го направат ова истражување од фактот дека во 2011 година, земјотресот што ја погоди Јапонија ја зголеми брзината со која ротира Земјата, што ни ги скрати деновите за 1,8 микросекунди.

Група од 50.000 луѓе скокнаa во исто време

Тие ја искористија толпата од 50.000 луѓе кои беа на Рединг фестивалот што се одржа во Англија. Насобраните сите истовремено скокаа во ритамот на музиката, а тој го мереше движењето од нешто повеќе од еден километар.

„Со малку математика, можам тоа да го зголемам и да видам што би се случило ако сите на Земјата скокаат во исто време и дали тоа би ја променило брзината со која Земјата се врти“, објасни физичарот пред експериментот.

Открил дека со скокање успеале да направат мал земјотрес со јачина од 0,6 степени според Рихтеровата скала. Но, тој заклучил дека тоа не е доволно да влијае на Земјата.

„Земјотресите не влијаат на ротацијата на планетата додека не достигнат најмалку осум степени според Рихтеровата скала, а за тоа ќе ви требаат седум милиони пати повеќе луѓе отколку што живеат во моментов на планетата Земја“, вели физичарот.

„Значи, не можете да поместите планета ако сите скокаат во исто време … Не можете ни да ја промените брзината на вртење. Воопшто нема вистина за тоа“, заклучил тој.