Технологија

Илон Маск со тужба за Сам Алтман и OpenAI

Тужбата што ја прати Маск е во насока на Сам Алтман, извршниот директор на OpenAI во кое се тврди дека OpenAI го прекршил договорот од основањето на компанијата за истражување на вештачка интелигенција за развој на технологијата во корист на човештвото над профитот.

Илон Маск крена узбуна во технолошкиот свет. Имено тој одлучи да не молчи откако OpenAI, компанијата која го создаде OpenAI четботот скроз го смени начинот на функционирање и ја смени својата непрофитна структура со цел да прават профит, а како што кажува тој, сето тоа е посегнато од страна на Microsoft кој е еден од најголемите инвеститори во OpenAI.

„ОpenAI се има трансформирано во де факто подружница од затворен извор на најголемата технолошка компанија во светот: Мајкрософт“ гласи на Маск тужбата.

„Според својот нов одбор, тој не само што развива, туку всушност го рафинира AGI(општа вештачка интелигенција) за да го максимизира профитот за Microsoft, наместо за доброто на човештвото. Спротивно на Основачкиот договор, обвинетите избраа да го користат GPT-4 не за доброто на човештвото, туку како неслободна технологија за да го максимизираат профитот за буквално најголемата компанија во светот.“

„Некогаш внимателно креираната непрофитна структура на OpenAI, Inc. беше заменета со чисто профитабилен извршен директор и одбор со инфериорна техничка експертиза во јавната политика AGI и AI. Одборот сега има место за набљудување резервирано само за Мајкрософт.“