Технологија

НАСА изјави дека SpaceX ќе ги спасува заробените астронаути кои се заглавени на меѓународната вселенска станица

НАСА најавува дека астронаутите на Боинг Starliner ќе се вратат на Земјата со Crew Dragon на SpaceX.

Поради високиот ризик од дефект на погонот на Боинг Starliner, НАСА не може да ризикува да стави астронаути во него за повратното патување на земјата.

На Боинг му беа платени 4,2 милијарди долари и не успеа на два различни пробни летови за да ги постигне целите на мисијата.

На SpaceX му беа платени 2,6 милијарди долари за Dragon Crew и стигна до вселената во 2020 година и испорача бројни мисии со товар и 49 астронаути до Вселенската станица.

Мисијата првично требаше да трае само 8 дена, но веќе поминаа повеќе од 3 месеци и нема никаков знак на подобрување на ситуацијата.

Секако имаше реакции по социјалните мрежи со оглед на тоа што Боинг добија финансирање пред SpaceX.

Еден кажа “Конечно Боинг да си ја голтнат гордоста и да признаат дека се некомпетентни” а исто така беа споделувани слики во кои извршниот директор на Боинг рече ќе го претрка SpaceX до месечината со напис “Каде почнамве, каде завршивме”